Поврзете се со нас

Европски првенства

Дешамп направи две измени, Роналдо ја предводи Португалија (ФОТО)

Објавено

на

foto:x.com/selecaoportugal

Франција и Португалија ќе се соочат во второто четвртфинале на Европското првенство и тоа од 21 часот во Хамбург, меч за кој веќе се познати почетните постави.

Португалскиот селектор Роберто Мартинез се одлучи ништо да не менува и во старната единаесетка се истите фудбалери со кои го започна дуелот со Словенија на кој да не заборавиме фаворитот не даде ниту еден гол и дури по пенали ја елиминираше четата на Кек.

Предводникот пак на „триколорите“ Дидие Дешамп направи две измени во однос на соочувањето со Белгија, едната принудна со оглед на тоа што Рабио е суспендиран поради жолти картони и на неговата позиција ќе биде Камавинга.

Другата е во нападот, Тирам е на клупа или поточно неговото место го зазема Коло Муани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни