Поврзете се со нас

Франција

Дешамп: Мбапе сепак ќе мора да направи операција

Објавено

на

Foto:x.com/equipedefrance

Дидие Дешамп беше најголем песимис кога е во прашање здравствената состојба на Килијан Мбапе, но вестите од болницата во Диселдорф не беа толку лоши и првично напаѓачот мина без операција.

Иако има скршеница на носот, првичната одлука е Мбапе да се стабилизира и да го одработи Европското првенство со заштитна маска на лицето, по што сепак ќе мора да направи хируршки зафат за целосно да го реши проблемот.

Дешамп откри дека Мбапе не може да избегне операција, а сигурно главна цел за овој турнир ќе биде да го оспособат за настап за нокаут фазата во Германија.

– Ударот кој го доби беше тежк и неговиот личен лекар направи се што можеше за да ја намали првичната штета. Иако не се направи хируршки зафат веднаш по мечот, Мбапе ќе мора да подлегне на операција во наредниот период.

– Одблиску ја следиме ситуацијата и истата ќе се менува од ден во ден. Во текот на денешниот ден ќе има повеќе тестови и ќе знаеме што точно ќе преземеме, – изјави Дешамп.

Според француските медиуми, Мбапе има невозможна мисија да настапи во петок против Холандија, но ќе биде неизвесен и за третиот меч во групната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни