Поврзете се со нас

Светски првенства

Дешамп: Мбапе се прашува и кога не игра најдобро

Објавено

на

Четвртфиналната рунда на Светското првенство ќе биде затворена со европската класика меѓу Франција и Англија.

Ова е дуел на две моќни селекции, селекции кои во своите редови имаат играчи од светска класа, но во изминативе денови сепак најмногу се говори за едно име-тоа е Килијан Мбапе.

Англичаните постојано го издвојуваат напаѓачот на ПСЖ, па во однос на тоа говореше предводникот на „триколорите“, Дидие Дешамп.

-Сигурен сум дека Англија ќе се подготви да се соочи со францускиот напаѓач Килијан Мбапе како што тоа го правеа нашите претходни противници. Килијан е во позиција да направи разлика. Иако немаше најдобра партија на мечот со Полска, сепак се прашуваше на теренот. Имаме и други играчи кои исто така се прашуваат. Англија нема слабости. Сите тимови имаат силни страни, немаа сите многу слабости, но имаат помалку силни страни. Англија не виде како одигравме четири натпревари. На крајот од денот, треба да ги идентификувате областите каде што мислите дека можете да ги нападнете, -рече Дешамп.

Своите очекување ги искажа и голманот Иго Лорис.

-Англија е амбициозна земја, тие дојдоа тука да го освојат Светското првенство. Ќе биде тежок натпревар, па наше е да направиме се што можеме за да победиме на овој натпревар. Англија направи голем напредок и верувам дека овој тим созрева и се подготвува да освојува трофеи, -порача членот на Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни