Поврзете се со нас

Свет

Дешамп: Мбапе е фантастичен лидер…

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Селекцијата на Франција е една од фаворитите за највисок пласман, титулата на Европското првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули.

„Триколорите“ имаат моќен состав, но без разлика на тоа многу работите ќе зависат од Килијан Мбапе, главната ѕвезда на екипата. Мбапе го реши клупското прашање и го официјализираше преминот во Реал Мадрид и сега ќе може мирно да му се посвети на националниот тим.

Во подготовките за шампионатот Франција го совлада Луксембург со 3-0 во дуел во кој централна фигура беше токму Килијан со гол и две асистенции.

-Килијан е капитен и фантастичен лидер. Нема да се навраќам на она што се случи, размената што ја имавме и она што тој го направи. Тој знае зошто е тука и ќе ни треба на најдоброто ниво. Фактот што одигра 90 минути му направи помогна, како и работата што ја вложи. Со она што тој го претставува, како Антоан [Гризман] кој е заменик капитен, останатите ќе следат, -порача селекторот Дидие Дешамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни