Свет
Дешамп ја пронајде најпотценетата ѕвезда во Шпанија: Недостасува признание за се што прави на теренот

Дидие Дешамп стана традиционален дел од француската репрезентација и во изминатите 11 години постојано има за задача да ги бира најдобрите француски фудбалери, а ако треба да се избере еден играч кој го одбележа неговиот мандат, тоа дефинитивно е Антоан Гризман.
Ѕвездата на Атлетико Мадрид е член на националниот тим од 2014-та година и оттогаш забележа многу успеси со Дешамп, кој сега вели дека Антоан е и фудбалерот кој добива најмалку признание од јавноста за се што прави на теренот.
Гризман игра неверојатно добро на стартот на новата сезона и веќе запиша 12 голови зад своето име, па покрај честите пофалби од Чоло, сега се јави и националниот селектор.
– Кога француските фудбалери играат во странство, односот кон нив секогаш е поинаков. Сите се концентрираат на домашните случувања и Лига 1. Но, Гризман веќе долго време ги прави работите навистина добро. Не велам дека е потценет, но недостасува признание за се она што го прави на теренот.
– Мислам дека заслужи да ја освои „Златната топка“ во 2018-та година, пред се поради изданието кое го имаше на мундијалот. Не велам дека Модриќ не го заслужи тоа, но Гризман имаше неверојатни сезони и никогаш не доби вистинско признание. Но, тој е таков, спие мирно навечер и покрај сите овие работи, – изјави Дешамп.
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг