Поврзете се со нас

Европски првенства

Дешамп ја бранел одлуката да не смета на Гризман од првата минута на дуелот со Полска

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Антоан Гризман важи за еден од круцијалните членови на актуелната француска репрезентација, но денеска не доби шанса од првата минута на дуелот со Полска.

Французите не успеаја да победат и поради тоа завршија на второто место во групата, а селекторот Дидие Дешамп релаксирано им објаснил на новинарите дека не се работи за проблем, туку едноставна одлука на стручниот штаб.

– Тој игра на сите натпревари и тоа цели натпревари, така што ова што се случи денеска за мене не е никаков проблем.

– Истото се случи и со Тирам, а може да се случи и со другите репрезентативци. Гризман играше два натпревара по ред, а денеска ја прифати мојата одлука со насмевка, како вистински професионалец.

– Одлуката може да биде проблематична само за некој локален пекар или месар, само некој што не знае што се случува може да ја критикува одлуката, – изјавил Дешамп.

Гризман одигра повеќе од половина час на денешната средба, но и тој не успеа да го скрши отпорот на полските дефанзивци и голманот Скорупски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни