Поврзете се со нас

Лига на нации

Дешамп излезе со искрена изјава за правилото кое ја разбесни цела Шпанија

Објавено

на

Дидие Дешамп се израдува на уште една титула како селектор на Франција, што секако е мало олеснување за него по големото разочарување кое го доживеаја „триколорите“ на Европското првенство изминатово лето.

Францускиот тим вчера ја победи Шпанија во Милано со 2:1, но по крајот на мечот, сите зборуваа за контроверзниот гол на Килијан Мбапе кој беше одбележан од бизарното фудбалско правило кое направи погодокот да биде регуларен.

Иако Мбапе беше во класичен офсајд, контактот на Гарсија со топката направи нерегуларната ситуација да се поништи, па Ентони Тејлор и одговорните луѓе во ВАР собата го признаа клучниот гол за 2:1.

Итуралде Гонзалес експресно им го објасни правилот на сите Шпанци, кои и покрај се, не можеа да го прифатат истото и побараа итна промена на оваа фудбалска регулатива која нема никаква логика.

Искрен беше и Дидие Дешамп, кој нагласи дека и тој не бил запознаен со правилото од кое синоќа корист имаше неговата репрезентација.

– Ако го знаете правилото, тогаш нема никакви дилеми за регуларноста на голот. Но, ако бидам искрен, јас не го знаев ова фудбалско правило, – призна Дешамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни