Поврзете се со нас

Европски првенства

Дешамп искрен: Заслуживме да бидеме втори, сега…

Објавено

на

foto:x.com/equipedefrance

Франција не ја оправда улогата на фаворит против Полска (1-1) и со тоа испушти шанса да заврши како прва во Д групата на Европското првенство.

„Триколорите“ повторно имаа проблем со реализацијата, односно се уште остануваат без од отворена игра со оглед на тоа што голот против Полска го дадоа од пенал преку Мбапе, а претходно ја совладаа Австрија со автогол што е навистина премалку за селекција со таков квалитет кога е во прашање офанзивата.

Селекторот, Дидие Дешамп не е премногу загрижен, признава дека не заслужиле да бидат први во групата, но и порача дека нокаут фазата е друго натпреварување.

-Не сум разочаран, искрено ни малку. Го направивме тоа што требаше, создадовме многу шанси и водевме во играта. Се трудевме до крај. Ние сме таму каде што сакаме да бидеме. Бевме во многу тешка група: Австрија загуби од нас и победи против Холандија.

-Заслужуваме да бидеме втори, сега има ново натпреварување во осминафиналето. Очигледно тоа е нешто што треба да го подобриме, да постигнеме повеќе голови. Ќе бев позагрижен доколку имавме помалку шанси за гол да бидам искрен, -порача предводникот на „галските петли“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни