Поврзете се со нас

Свет

Дешамп импресиониран од критикуваното засилување на Јунајтед: Навистина ме изненадува

Објавено

на

Foto:instagram.com/equipedefrance

Дидие Дешамп долго време е во фудбалските води и веќе со мислите е на Светското првенство во кое Франција ќе влезе како еден од главните фаворити за титулата, но пред да дојде до завршните подготовки, „триколорите“ имаат уште еден испит во Лигата на нации.

Тоа е вечерашниот дуел против Данска на гостувањето во Копенхаген, дуел кој нема резултатско значење за неговиот тим, поради што обраќањето пред мечот реши да го искористи за фалење на еден противник.

Дешамп не крие дека е импресиониран од Кристијан Ериксен за начинот на кој се рехабилитираше од срцевиот удар, но уште повеќе поради начинот на кој игра во Манчестер Јунајтед.

Данецот беше критикуван и оспоруван како доста лошо засилување за Јунајтед од страна на експертите, но првите неколку кола покажаа дека сите погрешија, бидејќи Ериксен е клучен во системот на Ерик Тен Хаг.

– Долго е во фудбалот, но јас сум изненаден од Ериксен. Не го велам ова поради драмата која му се случи и која ја надмина, го велам поради партиите кои ги прикажува на клупски план. Отсекогаш сме знаеле дека поседува извонреден технички квалитет, но начинот на кој игра во континуитет во Јунајтед без пауза, навистина ме изненадува.Навистина е импресивно да се гледа како игра и како се опоравува за следниот меч, – вели Дешамп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни