Франција
Дешамп: Има само една вистина околу Бензема, можам да ви ги покажам и пораките

Дидие Дешамп долго време ја води француската фудбалска репрезентација и тоа го прави навистина успешно, па по крајот на Светското првенство во Катар доби нов договор.
Францускиот селектор остана да ја води селекцијата и покрај болниот пораз во финалето од Аргентина, но споменатиот турнир во Катар му донесе немир и поради случајот „Карим Бензема“.
Искусниот напаѓач отпадна од мундијалот откако заработи повреда на тренингот пред премиерата, но во Франција се крена голема прашина околу времетраењето на рехабилитацијата, кое наводно било намерно продолжено од Дешамп за да го изостави тогашниот напаѓач на Реал.
Бензема јавно го искажа незадоволството и го нарече „лажго“ Дешамп, па откако самиот објави дека веќе нема да игра за националниот тим, мораше да се јави и селекторот.
– Има само една вистина околу Карим и тој ја знае многу добро. Карим ни се приклучи на 14-ти ноември после период во кој доста не беше активен за неговиот клуб. Имаше индивидуални тренинзи пред да се врати со групата. Не беше јасно дали ќе биде стартер на првиот меч против Австралија. Кога Карим се повреди, нашиот лекар го однесе во болница за да му направи магнетна резонанца. Бензема ги испрати извештаите и на лекар во Мадрид и доби мислење и од него. Кога се врати во хотелот, веќе беше поминато полноќ и се состанавме заедно со лекарот.
– Му беше многу тешко, мундијалот многу значеше за него, но беше јасно дека не можеше да се врати на тренинзите пред 10-ти декември. Во своето соопштение на социјалните мрежи сам вели дека одлуката ја носи за доброто на тимот. Јас му реков да не брза, да го организира враќањето во тимот со тим менаџерот. Кога се разбудив наредниот ден, сфатив дека тој си заминал. Тоа беше негова одлука, ја сфаќам и почитувам, – изјави Дешамп пред неколку месеци, а сега само се надополни.
– Во секоја спорна ситуација, постои само една вистина. Секогаш има многу верзии и различни ставови, но вистината е само една. Стојам зад тоа што го кажав во минатото, точно знам што се случи со Карим. Ако сакате повеќе детали, можам да ви ги покажам и СМС пораките, но мислам дека нема да вреди ништо. Инаку, ќе ви откријам дека покренав правна постапка против новинар кој си даде за право да објавува невистини, – порача денес Дешамп.
-
Македонијапред 24 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Германијапред 15 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Европски првенствапред 21 час
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Шпанијапред 17 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 15 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)