Поврзете се со нас

Европски првенства

Дешамп го врати Мбапе и направи едно изненадување во првиот тим на Франција

Објавено

на

foto:twitter.com/FrenchTeam

Франција денеска ќе биде голем фаворит на дуелот со отпишаната Полска, а во обидот да се стигне до прв гол и втора победа ќе се обиде да помогне и Килијан Мбапе.

Првата ѕвезда на „триколорите“ го пропушти претходниот натпревар поради скршеницата на носот, но денеска ќе биде стартер во решавачкиот натпревар за пласманот во групната фаза.

Она што е изненадувачко е што селекторот Дидие Дешамп го остави Антоан Гризман на клупата за резервни фудбалери.

Полска ќе игра за престиж против еден од најголемите фаворити на ЕП, а Роберт Левандовски денеска првпат ќе биде стартер за својата репрезентација на овој турнир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни