Франција
Дешамп го избрал новиот француски капитен

Повлекувањето на Иго Лорис од националниот тим го врати на дневен ред капитенското прашање во француската репрезентација, па селекторот Дидие Дешамп мораше да пресече пред почетокот на квалификациите за ЕП.
Селекторот најави дека има неколку кандидати и првично сака да поразговара со нив, а според „Лекип“, на крајот изборот паднал на Килијан Мбапе.
– Мбапе има повеќе квалитети, а еден од нив му е добрата комуникација со соиграчите, – изјави Дешамп по првиот собир на националниот тим.
„Лекип“ пренесува дека одлуката наскоро ќе биде официјално потврдена, по што Мбапе ќе биде нов лидер на селекцијата која играше во финалето на последното СП.
24-годишниот Мбапе има 66 настапи и 36 гола во дресот на националниот тим.
-
Англијапред 12 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 9 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 13 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 11 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 13 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 23 часа
Кореча: Не е лесно да се победи Ѓоковиќ во три сета
-
Францијапред 23 часа
ПСЖ повторно го побарал Зидан, легендарниот ас експресно одговорил на понудата