Евролига
Десеткуваниот Реал направи „чудо“ и ја сруши ЦСКА во Мадрид (ВИДЕО)

Екипата на Реал Мадрид поради повреди и ковид позитивни не можеше да смета на многу свои играчи како и тренерот Пабло Ласо, но и покрај големиот хендикеп шпанскиот прволигаш успеа да ја изненади ЦСКА Москва во Евролигата.
Иако „кралевите“ настапија со само девет играчи од кои неколку тинејџери, покажаа знаење, карактер, упорност и пред се одлична игра во одбраната која донесе славје над рускиот претставник од 71-65.
Гос со 17 поени беше прв стрелец, Таварес запиша дабл-дабл од 15 поени и 10 скокови, додека Љуљ и младиот Словенец Клавзар додадоа по 10 кошеви.
Кај поразените најсветла топка беа Клајбурн (16 поени и 13 скокови) и Милутинов (13 поени и 10 скокови) со дабл-дабл учиноци. Со овој триумф Реал го продолжи нападот кон лидерското место на Барселона, тим кој има една победа повеќе по 17. кола.
Останати резултати:
Зенит-Макаби ТА 73-71
Баерн-Басконија 76-81
Панатинаикос-Олимпијакос 65-84
Асвел-Фенербахче 84-82
-
Англијапред 12 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 22 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 10 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Шпанијапред 20 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Светпред 18 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 18 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!