Поврзете се со нас

Свет

„Десетка“ на Јакимовски против Орегон Дакс (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски и неговиот Вашингтон Стејт застанаа во четвртфиналето од квалификацискиот турнир во Лас Вегас, турнир за пополнување на местата кои водат во „најдобрите 64“ од овогодинешното издание на НЦАА лигата.

Во драматичен натпревар кој беше решен во последните две минути, Кугарс надополнија негатива од 19 поени разлика (15-34). Во вториот дел имаа и водство од (62:58), потоа и (70:68). Но серијата од 7-0 за противникот во финишот го одлучи победникот или поточно Орегон Дакс се избори за триумф од 75-70.

Нашиот репрезентативец беше еден од најдобрите во екипата на Вашингтон Стејт. Реализираше десет поени, исто како и на претходниот дуел, во осминафиналето, на кои додаде и по три скока и исто толку додавања за 36 минути во игра.

Победникот во овој натпревар, екипата Орегон ќе игра во конференциското полуфинале против УКЛА, а Вашингтон Стејт ќе почека да недела да види дали ќе настапи на National Invitational Tournament (NIT), каде учествуваше и минатата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни