Македонија
Десет ракометари на Пролет во изолација по враќањето од Шпанија
Екипата на Тинекс Пролет ја заврши својата европска приказна за оваа сезона, а патувањето во Шпанија или поточно враќањето во Македонија донесе проблеми за нашиот прволигаш.
Имено закажаните ПЦР тестови во Шпанија биле откажани во последен момент, па сега десет ракометари на Пролет се во изолација по враќањето во нашата земја.
Во продолежние ви го пренесуваме целосното соопштение на Тинекс Пролет.
Ракометниот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста за несаканата случка пред и по враќањето назад од
Шпанија во Македонија.
Имено, клубот имаше уредно закажано ПЦР тестови во Шпанија неколку часа пред вториот натпревар што беше одигран против екипата на Гранолјерс во саботата во 17.30 часот, за резултатите да бидат добиени до крајот на денот, се со цел со комплетна здравствена документација согласно домашните протоколи да допатуваме назад во Скопје. Тестовите на наше општо изненадување беа откажани во последен миг, не оставајќи воопшто време за „План Б“, бидејќи летот од Барселона за Скопје налагаше на аеродромот да пристигнеме пред 7 часот наутро наредниот ден, а натпреварот со Гранолјерс заврши околу 19 часот.
Во една таква ситуација, сите ракометари на Тинекс Пролет кои не беа вакцинирани, поради немање на ПЦР тест при враќањето во Скопје согласно протоколите на Владата добија решенија за самоизолација. Станува збор за десет играчи кои во наредните денови ќе бидат надвор од тренажен процес.
Сакаме да информираме дека во текот на денешниот ден, овие десет ракометари беа соодветно тестирани и сите добија негативни резултати на ПЦР-тестирањето. По овие негативни тестови, периодот на самоизолација се намалува на пет дена со повторно тестирање што ќе биде извршено петтиот ден. Со тоа, ќе се забрза и нашето враќање на терените за што побрзо почнување со натпревари во Супер-лигата на Македонија.
Ова е вистината за несаканата случка во која се најде македонскиот ракометен претставник во европските натпреварувања, наспроти пишувањата на „рекла-казала порталот“ што се декларира како „медиум што се залага за доброто на македонскиот ракомет“, а всушност е целосна спротивност на тоа. На нив нека им служи на чест, а Тинекс Пролет како и досега, така и во иднина ќе продолжи да ги почитува сите законски норми на Р. Македонија, но и да бележи добри резултати на терен, колку и тоа да не му се допаѓа некому.
-
Лига на шампионипред 18 часа
Провокаторот Мбапе предизвикал тепачка во тунелот на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 22 часа
Гвардиола објасни зошто беа заменети Халанд и Де Брујне: Не планирав…
-
Лига на шампионипред 23 часа
Херојот на Реал: Знаевме дека еден играч ќе ризикува…(ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 20 часа
Родри: Имаше само еден тим на теренот, но…
-
Шпанијапред 15 часа
Араухо: Подобро да не кажувам што мислам за изјавата на Гундоган!
-
ВТАпред 20 часа
Ѓорческа запрена во осминафиналето во Копер
-
Лига на шампионипред 13 часа
Херојот на Баерн се пофали со пласманот во полуфинале, Крос го истрола пред двете пресметки со Реал (Фото)
-
Лига на шампионипред 19 часа
Дали навивачите на Сити му пресудија на својот тим? Моментот кој влијаеше во пенал серијата (ВИДЕО)