„Десет од десет“: Брилијантниот Костески му донесе победа на Линц

kosteski

Македонскиот интернационалец, Никола Костески одигра перфектен меч и беше најзаслужен што Линц славеше над гостувањето кај Ремус во Австрија.

Гостите се изборија за триумф од 26-24 и тоа во меч во кој брилијантен беше Костески со десет погодоци од десет обиди. Десното крило беше незапирливо со што само уште еднаш потврди дека се наоѓа во извонредна форма. Вториот Македонец во таборот на Линц, Горан Крстевски даде 3 гола кои ги надполни со 1 асистенција.

Ова за Никола, Горан и компанија беше трета победа во третиот меч во групата за опстанок во првата лига на Австрија.

Facebook Коментари