Поврзете се со нас

Италија

Десаи за актуелниот тим на Милан: Разочаран сум, недостасува една важна работа

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан во петокот стигна до убедлива победа против Удинезе, но тоа не ги решава сите проблеми на екипата предводена од Серџо Консеисао.

Поранешниот дефанзивец на „росонерите“, Марсел Десаи, во последниот коментар за Милан упатил сериозни критики на адреса на клубот и пред се екипата.

– Разочаран сум, бидејќи денешниот Милан е комбинација на различни проблеми.

– Сезоната стартуваше лошо, потоа имаше момент во кој мислеа дека се случил пресврт, за кратко подоцна да биде јасно дека на тимот му недостасува лидер. Сите екипи кои се пред нив на табелата имаат јасна филозофија.

– Само погледнете го Интер. Со години играат со формација 3-5-2 и неговите фудбалери играат со срце. Не сум убеден дека Милан има послаби фудбалери од Интер, но недостасува потребната хемија.

– Не се согласувам дека Милан има индивидуален проблем со фудбалерите, погледнете ги имињата во првиот тим, квалитетен ростер без лидер, нешто што најмногу му недостасува на овој состав, – рекол Десаи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни