Поврзете се со нас

НБА

ДеРозан со страшна пируета ја режираше асистенцијата на годината во НБА лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/chicagobulls

ДеМар ДеРозан се претстави во НБА лигата како еден од најголемите потенцијали како член на Торонто, но откако го изгради своето име во редовите на Репторси, сега е дел од својата трета авантура во најсилната кошаркарска лига во светот.

Фантастичниот шутер беше дел од Сан Антонио од 2018-та до 2021-ва година, а сега ја почна третата сезона како член на Чикаго Булс и стандардно е еден од најдобрите.

ДеРозан рано утрово не можеше да спречи пораз на својот Чикаго во пресметката со Милвоки, но затоа го изведе потегот на мечот и режираше асистенција од која се врти во глава.

ДеМар изведе пируета во рекетот и сите помислија дека атрактивно ќе ја завршува акцијата, но тогаш проигра еден свој играч во аголот кој успеа да погоди тројка.

Овој потег на ДеРозан предизвика големо воодушевување кај НБА фановите, но и кај неговите соиграчи кои скокаа на клупата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни