Поврзете се со нас

Македонија

Дербито за најдобрите: Начевски и Николов ќе ја делат правдата на дуелот Пелистер-Вардар

Објавено

на

Најдобрите македонски и светски судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на големото македонско ракометно дерби Еурофарм Пелистер-Вардар.

Средбате е закажана за в сабота од 18 часот во салата „Боро Чурлевски“, а Ракометната федерација на Македонија (РФМ) одлучи Начевски и Николов да ја имаат најголемата одговорност на теренот.

Првата сезонска пресметка меѓу „зелено-белите“ и „црвено-црните“ им припадна на вардарци со 27:24, па дефинитивно се очекува да биде возбудливо и интересно на теренот на шампионот кој е перфектен пред своите гледачи во досегашниот дел од шампионатот.

Инаку Марјан и Драган Начевски ќе ја имаат улогата на делегати-контролори.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни