Поврзете се со нас

Македонија

Дербито за „црвено-црните“: Вардар прв му „зема мерка“ на Алкалоид

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Составот на Вардар 1961 извојува победа над Алкалоид од 29:27 во дерби натпреварот, со кој се заокружи 12. коло во ракометната Суперлига.

Сега повеќе нема непоразени екипи во шампионатот, поточно ова беше прв неуспех за избраниците на Кирил Лазаров во кампањата со тоа што имаа предност во меѓусебниот дуел со „црвено-црните“ затоа што во Автокоманда славеа со 33:30.

Се водеше жестока борба во СЦ „Јане Сандански“, а домашните ракометари повеќе покажаа или севкупно гледано клучно беше првото полувреме кое четата на Милано ја доби со 15:13.

На крајот најефикасни кај победникот беа Горига со седум и Срдановиќ со шест реализации, додека на спротивната страна Митев беше автор на пет погодоци.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни