Поврзете се со нас

Македонија

Дербито во Струга донесе тензија и голема мешаница, но и победа на Еурофарм Пелистер против Вардар

Објавено

на

Финалето на традиционалниот турнир во Струга ни донесе жестоко и тензично дерби како во старите времиња, па во самата завршница од истото, настана и непотребен хаос на теренот кој го предизвикаа Талески и Кушан.

Во еден крајо израмнет натпревар, на крајот победата ја осигура Еурофарм Пелистер и битолачни го зададоа првиот удар пред официјалниот старт на сезоната, а нивниот триумф е само добра најава дека ќе гледаме неизвесно првенство во ракометна Македонија.

Првиот дел заврши со 13:13 и уште тогаш беше јасно дека ќе биде возбудливо до самиот крај, но откако Пелистер стигна од предност од 23:18 на средина на второто полувреме, стана јасно дека се во пол позиција за трофеј на струшкиот турнир кој го завршија без пораз.

Вардар до крајот успеа да се избори за подостоен пораз од 26:23, а наместо мирна завршница, видовме инцидент и мешаница која донесе еден црвен картон и еден син.

Исклучување заработи Талески кој влезе во клинч со Кушан, додека капитенот Столе Стоилов доби син картон, што значи дека против него ќе биде покрената постапка од страна на дисциплинската комисија на РФМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни