Дербито решено со одлична акција: Гигу немилосрден, бодовите за Франција (Видео)

Gigu

Натпреварот на Европското ракометно првенство меѓу Франција и Норвешка остана во сенка на балканското дерби во Сплит, но мора да се истакне дека двете репрезентации понудија многу поквалитетна пресметка во која Французите со пресврт стигнаа до победата и тоа во решавачките моменти.

Драмата во Пореч ја иницираа расположените Скандинавци кои водеа се до 59. минута кога Абало донесе предност за 31:30. Бјорнсен израмни на спротивната страна, но следуваше завршниот удар зададен преку Мишел Гигу. Левото крило уште еднаш покажа колку е важно за селекцијата предводена од Дидие Динар, решавајќи го победникот на половина минута до крајот на средбата.

Facebook Коментари