Поврзете се со нас

Шпанија

Дербито на „Месталја“ доби официјален термин: Валенсија и Реал ќе ја отворат новата 2025. година (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Дербито меѓу Валенсија и Реал Мадрид кое требаше да се одигра на 2-ри ноември на „Месталја“ беше одложено поради природната катастрофа која го погоди овој дел од Шпанија, а поради згуснатиот распоред и големиот број на натперварувања во кои учествува „кралскиот клуб“, Федерацијата иа Ла Лига имаа проблем да одредат нов термин.

Сепак, ова попладне пристигна информација дека е утврден нов термин за дерби пресметката меѓу големите шпански ривали, кои за разлика од порано, сега имаат сосема различни приоритети.

По вчерашниот пораз на „Сан Мамес“, Реал Мадрид ќе мора да брка победа на заостанатиот меч со Валенсија, додека „лилјаците“ немаат простор за калкулации и приморани се да бркаат бодови на било кој меч кој го играат на домашен терен поради фактот што се во опасната зона.

Со дербито на „Месталја“ ќе биде отпочната новата 2025-та година во шпанскиот фудбал, бидејќи одговорните лица одредија натпреварот да се одигра на 2-ри јануари.

Реал Мадрид како клуб инсистираше овој меч да се одигра на 5-ти јануари, но официјалната информацијата е дека истиот ќе се одигра три дена претходно во 20:00 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни