Поврзете се со нас

Македонија

Дербито на денот за битолчани: Еурофарм Пелистер го надигра Металург во Струга

Објавено

на

Во дербито на првиот натпреварувачки ден на струшкиот традиционален турнир, победата ја однесе тимот на Еурофарм Пелистер, кој сосема заслужено се радуваше на крајот откако во текот на цел меч ја контролираше играта против Металург.

Натпреварот кој беше прв тест за двата големи кандидати за титулата во домашното првенство, не беше чудно што играчите доста често грешеа на теренот, но во такви услови, далеку помали и поневажни беа оние на битолчани кои во најголем дел од мечот имаа сигурна позитива.

Еурофарм на полувреме водеше со 15:12, а на крајот резултатот гласеше 24:22 во натпревар во кој Метарлуг беше најблиску до израмнување на десет минути пред крајот. Составот од Автокоманда не искористи шанса за 20:20, а потоа Еурофарм постигна три погодоци во низа и го реши прашањето околу победникот.

Со овој триумф, Пелистер направи огромен исчекор кон првото место во својата група и пласман во финалето, а најзаслужен за тоа беше Кушан кој постигна пет гола, следен од Маџовски, Мандалиниќ, Стјепановиќ и Костески кои постигнаа по три. Во поразениот тим, Канкараш, Серафимов и Потиќ имаа по четири реализации.

На претходните два меча денеска, Охрид минимално го победи Бутел со 25:24, а Прилеп ја победи Струга со 32:28.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни