Дербито меѓу Вардар и Металург со хуманитарен предзнак: Стоилов ја повика публиката да дојде во поголем број за поддршка на Борче

raul i stoilov pred flenzburg

Ракометарите на Вардар оваа сезона против Металург  во Сеха лигата го играат последниот натпревар пред домашната публика оваа година. Натпреварот ќе се одигра викендов во спортската сала ,,Јане Сандански”, а ќе биде од хуманитарен карактер. Приходот од продажбата на билетите од натпреварот ќе бидат наменети за операција за Борче Јовановски (16) кој мора итно да замине на операција во странство на трансплантација на коскена срж. На прес-конференцијата стратегот на Вардар, Раул Гонзалез и капитенот Стојанче Стоилов, ги изнесоа своите гледишта за натпреварот.

Гонзалез потенцираше дека помеѓу овие два клуба секогаш имало ривалство и дка очекува натпревар со јак интензитет.

– Со Металург секогаш играме јаки натпревари и овој ќе биде таков натпревар. Мое мислење е дека иако во ова дерби сме фаворит, сепак ќе биде неизвесен натпревар до крај. Од играчите на Вардар, Карачиќ и Абутовиќ беа повредени, па ќе донесеме одлука на последниот тренинг за нивна игра. Очекувам поддршка од публиката, која очекувам да ја наполнат салата, – изјави Гонзалез.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов изјави дека ова дерби има посебен градски шмек и ги повика сите да дојдат да го проследат натпреварот кој е од хуманитарен карактер за помош на Борче Јовановски.

– Ова ќе биде дерби со посебен градски шмек. Мислам дека ќе биде интересен како и сите досега. Верувам дека ќе ја оправдаме фаворитската улога, и нема да ја разочараме публиката. Мечот ќе има и хуманитарен караткер. Се надевам дека ќе дојдат повеќе навивачи за да му помогнеме на Борче Јовановски, – изјави Стоилов.

Facebook Коментари