Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дербито меѓу Баерн и Барселона нема да понуди спектакл каков што се очекуваше

Објавено

на

Foto: www.fcbarcelona.com/

Коронавирусот одново неконтролирано се шири во Германија, а одговорните луѓе на одредени региони планираат на своја рака да носат нови рестриктивни мерки за поголема заштита од пренесување на Ковид 19.

Маркус Зодер како претседател на покраината Баварија најави лоши вести за периодот кој следи, што значи дека големото дерби меѓу Баерн Минхен и Барселона нема да биде спетакл каков што се очекуваше.

Поради новите рестриктивни мерки кои ќе бидат воведени, натпреварот на „Алијанц арена“ ќе се игра пред празни трибини, а тоа ќе важи за сите клубови од Баварија до крајот на 2021-ва година.

– Важно е да се донесе одлука за целата земја. Сметам дека не треба да се дозволува присуство на фанови. Ако ова не го прифатат на федерално ниво, ние ќе ја воведеме оваа мерка само во Баварија и истата ќе стапи на сила веднаш.

– Собирањето на навивачите не е оправдано во ваква ситуација и нема потреба од мешање на луѓе на трибините, – потенцира Зодер.

Натпреварот меѓу Баерн и Барса се игра на 8-ми декември, а истиот е клучен за судбината на каталонскиот гигант во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни