Поврзете се со нас

Италија

Дербито донесе тензија и три црвени картони, Интер официјално е нов шампион на Италија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/Inter_en

Интер и официјално е крунисан за нов шампион на Италија, титула која беше потврдена со вечерашниот дерби триумф над градскиот ривал Милан.

„Нероаѕурите“ потврдија дека во моментов се подобра, поквалитетна екипа од „црвено-црните“ и со победата од 2-1 дојдоа до 20. Скудето во својата историја.

Гостите постигнуваа во вистинскоо време, резултатот беше отворен од страна на дефанзивецот Ачерби во 15 минута, а во 49 минута Турам зголеми на 2-0 и тука стана јасно како ќе заврши ова соочување.

Милан во 80 минута намали на 2-1 преку Томори по што следуваше нервозна и тензична завршница, Имено во судиското продолжение беа доделени дури три црвени картони, Ернандез и Дамфрис се фатија и беа исклучени за да потоа Калабрија поради удар во лицето на Фратези исто превреме биде испратен на туширање.

Сега Интер има 86 бода, Милан има 69 на втората позиција по што следат Јувентус, Болоња и Рома која ја комплетира првата петка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни