Поврзете се со нас

Италија

Дербито без победник: Ребиќ спречи прва радост за Јувентус во оваа сезона (ВИДЕО)

Објавено

на

Јувентус и Милан одиграа без победник 1-1 во дерби пресметката од четвртото коло од најсилниот италијански фудбалски шампионат.

„Старата дама“ беше во потрага по прва радост во Серија А во оваа кампања, но за тоа ќе мора почека, побара нова прилика. Клубот од Торино одлично го отвори вечерашниот натпревар и повеќе уште во 4 минута со голот на шпанскиот репрезентативец Алваро Мората.

Меѓутоа „бјанконерите“ не го искористија овој прв налет и не успеаа дополнително да го зголемат водството што секако остави простор за гостите да дојдат до шанса во продолжението. Тоа се случи, па така четата на Пиоли преку двоецот Тонали-Ребиќ дојде до изедначување во 76 минута.

Јувентус по вечерашниот натпревар останува во долниот дел на табелата со само два освоени бодови, додека пак Милан со 10 поени е на делба на врвот со Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни