Поврзете се со нас

Македонија

Дерби на стартот: Вардар против Победа во македонскиот Куп, финалистите директно во наредната рунда

Објавено

на

Ова попладне во просториите на Македонската куќа на фудбалот беше извлечена ждрепката за 1/16 финалните парови во Купот на Македонија, натпреварување кое ќе стартува на средината на месец септември.

Поради тоа што беше извршена привилегирана ждрепка, нема да гледаме рани дуели меѓу прволигаши, но фактот што Вардар оваа сезона е дел од Втората лига ни донесе едно старо и големо дерби.

Вардар во првата рунда ќе ги одмери силите со Победа и тоа дефинитивно ќе биде највозбудливата пресметка во првата фаза од Купот, во која поштедени ќе бидат двата тима кои лани играа во финалето.

Поради помалку пријавени екипи, Академија Панев и Силекс како финалисти од ланското финале на најмасовното натпреварување одат директно во осминафиналето и таму ќе чекаат свој ривал по разврската од натпреварите кои се играат на 15-ти септември.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, 1. КОЛО:
Детонит – Македонија ЃП
Победа – Вардар
Кит-Го – Шкендија
Беса – Скопје
Локомотива – Охрид
Љуботен – Пелистер
Гостивар – Ренова
Кораб – Беласица
Њу Старс – Борец
Слога Виница – Работнички
Новаци – Тиквеш
Саса – Струга
Воска Спорт – Брегалница
Велешта – Шкупи

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни