„Дерби“ дознава: Јане Цветковски пред трансфер во Унгарија?

јane

Македонскиот ракометен голман, Јане Цветковски, веќе пет години ја гради својата интернационалана кариера низ Европа, настапувајќи за клубови како Босна, Хелсинборг, Иштад и Вецлар.

„Дерби“ дознава дека Цветковски ја одбил понудата на Вецлар да остане нивен трет голман, особено откако при повредата на првиот голман не му дадоа шанса да застане на голот. Според нашиот извор, Цветковски ова лето преговарал со повеќе клубови од Шпанија и Шведска, но најблиску е до потпис со унгарскиот клуб Егер кој му нуди статус на прв голман, а со тоа и голема минутажа во настапите.

Претходно во унгарската лига настапуваа и Никола Маркоски и Михајло Петровски, додека ако се реализира трансферот на Цветковски, сега тој би бил таму заедно со Дејан Манасков во Веспрем. Унгарскиот ракомет е во голем подем, имајќи предвид дека освен Веспрем за титулата се бори и ПИК Сегед, а двете екипи редовно се во Лигата на шампионите. Во оваа лига се префрлија и неколку играчи кои претходно беа во шампионскиот состав на Вардар од 2017 година, како Македа и Кањелас.

Facebook Коментари