„Дерби“ дознава: Јане Цветковски на радарот на шампионите од Исланд!

jane cvetkovski portret

Македонскиот репрезентативец. Јане Цветковски, кој по успешната кариера во странство се наметна и во националниот тим како сигурен избор на Раул Гонзалес на поширокиот список, се наоѓа на радарот на неколку силни европски екипи, пред се кај шампионот на Исланд, ИБВ Вестманејар.

Цветковски помина две сезони во Шведска, при што последниот ангажман во Иштад одби да го продолжи бидејќи не беше задоволен од минутажата во тимот, што беше нотирано и во шведските медиуми како голема амбициозност на македонскиот „викинг“. Цветковски беше недостапен за изјава во оваа пригода, но според информациите од менаџерските кругови тој има неколку понуди да остане во Шведска. Сепак, интересот на ИБВ за него би значел и промоција на европската сцена, бидејќи тимот минатата година играл во полуфинале на Челинџ купот, а оваа година нема да игра во ЛШ и покрај правото на квалификации, туку во ЕХФ купот. Во овој клуб има неколку репрезентативци на Исланд, како Кристијан Кари Кристјансон, Теодор Сигурдбјорнсон, Дагур Арнарсон и досегашниот голман Рафн Арон Едвардсон.

„Дерби“ претходно пишуваше дека локалните шведските медиуми бараа тој да се врати во Хелсингборг, додека од супер-лигата за него интерес покажува Рико, кој сега се ребрендира во АИК Стокхолм. Доколку Цветковски одлучи да остане во Шведска трета сезона по ред, речиси е сигурно дека тоа ќе биде во еден од овие два клуба.

Спротивно од ова, шансата да се замени Рафн Арон Едвардсон во ИБВ, како и да се бори за третата титула на овој клуб за последните 5 години, би можела да биде новата инспирација за македонскиот интернационалец, за кого се слуша дека е активен на трансфер пазарот и преговара и со други екипи од Австрија и Германија.

Facebook Коментари