Поврзете се со нас

Шпанија

Депај за тоа дали може да игра заедно со Меси и Агуеро: Сите тројца сме различни…

Објавено

на

Мемфис Депај во новата сезона ќе настапува за шпанскиот великан Барселона на кого веќе му се приклучи и е дел од подготовките за клубот за тоа што престои во натпреварувачката 2021/2022.

Сите со нетрпение очекуваат да видат дали Депај ќе се вклопи во Барселона и дали ќе може да ја задржи формата и партии што ги прикажуваше во Лион, односно дали престојот во Манчестер Јунајтед бил само една лоша приказна.

Холанѓанецот веќе го даде првиот гол за Барса и тоа на средбата со Џирона, па во пресрет на новите тестови офанзивецот беше запрашан дали ќе може да игра заедно со Лионел Меси и Серхио Агуеро. Кун пристигна на „Камп Ноу“ во овој преоден рок, додека пак Меси во моментов е слободен фудбалер, меѓутоа се очекува да потпише нов договор со каталонците.

-Би било неверојатно да се игра со Меси. Се надевам дека ќе биде можно. Тој има голем број квалитети што му се потребни на тимот и би било важно да се изгради сè околу тоа. Има многу талент во тимот. Би било одлично за мене да играм покрај него и да освојувам титули.

-Имаме многу напаѓачи, но според мене сите различни. Имам различни способности и силни страни за разлика на пример од Серхио Агуеро или кој било друг играч. Мислам дека тројцата сме компатибилни и различни, но ќе видиме како сè ќе се случи, -истакна Мемфис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни