Свет
Депај со голчиште од слободен удар ги запали навивачите на Коринтијанс (ВИДЕО)
Мемфис Депај постигна два погодоци во дресот на Коринтијанс во победата над Бахија од 3-0 во првата бразилска лига.
Еден од тие голови беше вистинско ремек дело, дојде од слободен удар, мајсторија со која ги запали, фрли во транс домашните навивачи. Тој едноставно го „дупна“ противничкиот голман, а фактот дека топката удри и во пречката му даде дополнителен „шмек“ на овој гол.
Холанѓанецот по атрактивниот гол ги издвои Роналдо и Нејмар како асови на кои им се воодушевувал, ги следал кога се во прашање прекините.
simplesmente MEMPHIS DEPAY
— DataFut (@DataFutebol) December 4, 2024
Memphis Depay
Um dos vídeos mais lindos que já filmei 🖤🤍Corinthians 3 x 0 Bahia pic.twitter.com/EDtxUXYhWj
— Érica (@tulumytula) December 4, 2024
-Во минатото тоа беше Кристијано Роналдо. Тој постигна многу голови, а јас многу го тренирав тој тип на слободен удар. Сега, не тренирам толку многу и помина долго време без да дадам гол од слободнен удар. Но, јас би рекол Кристијано Роналдо.
-Би рекол Жунињо [Пернамбукано], но немаме добри односи, па не го спомнувам. Нејмар изведува прекрасни слободни удари, со поголема контрола. Мислам дека тие момци. Но, во минатото, Кристијано Роналдо беше кога ги правеше тие топки кои изумреа. Да бидам искрен, треба да ја развиете сопствената вештина. Се обидов да шутирам како другите, но не успеа. Морам да шутирам како мене, тоа е мојот квалитет. Денес, топката влезе и тоа беше еден од најдобрите слободни удари во мојата кариера, -рече Мемфис кој има 6 лигашки гола на 10 натпревари во Бразил.
-
Шпанија24 часа
Апелацискиот суд донесе пресуда за инцидентот на Винисиус со Димитриевски
-
Англија21 час
Мегваер посебно среќен за соиграчот кој доживеа понижување на „Олд Трафорд“: И јас минав низ истото
-
Свет21 час
Саудијците тврдат: Роналдо прифатил да стави потпис на неверојатен договор со Ал Наср
-
Франција23 часа
Луис Енрике го дозна резултатот од „Ел Класико“, па му постави едно прашање на новинарот (Видео)
-
Шпанија11 часа
Фановите на Реал му пресудија на еден стартер по потопот од Барселона: Не си достоен за дресот (Фото)
-
Шпанија19 часа
Кубо претрча 70 метри и постигна спектакуларен гол во Ла Лига (Видео)
-
Англија10 часа
Кризата во Сити не е единствен проблем за Пеп: Гвардиола ја завршил годината на најлош можен начин (Фото)
-
Англија9 часа
Српски фудбалер ги воодушеви англиските фанови со бизарен гол (Видео)