Поврзете се со нас

Шпанија

Депај со атрактивен гол ја најави новата победа на Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Барселона ја оствари третата победа во подготвителниот период и тоа против бундеслигашот Штутгарт кого го совлада на негов терен со 3-0.

Тренерот Роналд Куман изведен комбиниран тим, но и тој беше предобар, пресилен за германскиот прволигаш. Првиот дел го одбележа Депај кој прво даде атрактивен, мајсторски гол во 21 минута за да во 36 учествува директно при погодокот на талентираниот Демир.

Овој резултат беше активен се до 73 минута кога нововлезениот Пуч на асистенција на Гризман по третпат ја затресе мрежата на Штутгарт.

Барса претходно ги совлада Химнастик и Џирона, следниот тест е против РБ Салцбург.

Од тестовите на големите екипи вреди да се издвои победата на Манчестер Сити над Барнсли од 4-0 и тоа со головите на Едози, Најт, Марез и Аке.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни