Поврзете се со нас

Свет

Депај се огласи за својата иднина и го најави клубот во кој ќе се пресели

Објавено

на

Холандскиот репрезентативец, Мемфис Депај си заминува од Лион и како слободен агент ќе ја избере новата фудбалска средина.

Депај играше извонредно во редовите на францускиот прволигаш и со тоа се врати мапата по лошите партии во Манчестер Јунајтед. Ваквите издание го направија привлечен за многу тимови, а ако на ова се додаде фактшт што во истите би пристигнал и без обештетување тогаш повеќе е јасно е дека Мемфис би бил џек пот.

Офанзивецот се уште официјално не сака да ја соошшто својата одлука со оглед на тоа што се фокусира на ЕП, меѓутоа тој самиот меѓу редови најави преселба во Барселона.

-Секој знае дека веќе некое време ме поврзуваат со Барса, сакам да играм за Роналд Куман. Почекајте и вестите ќе дојдат. Секој знае дека има разговори и мислам дека наскоро ќе имаме новости во овој поглед. Треба да почекаме, но би рекол дека наскоро ќе можеме да знаеме нешто дефинитивно, -порача Депај пред дуелот со Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни