Поврзете се со нас

Шпанија

Депај предизвика контроверзи со поддршката за осудените Промес и Алвеш

Објавено

на

foto: https://twitter.com/LaLiga

Мемфис Депај предизвика сериозна дебата во Холандија по изјавата дадена за една холандска телевизија, на почетокот на подготовките на својата репрезентација.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид се стави на располагање на селекторот Роналд Куман, но истовремено предизвика и непотребен притисок околу националниот тим, поради изјавата со која застанал во одбрана на Дани Алвеш и Бенжаман Менди и пред се Квинси Промес.

Депај неодамна се фотографираше со Промес за време на својот одмор, а решил да го брани сонародникот кој е обвинет дека учествувал во продажба и транспорт на наркотици.

– Промес за кој вие читате не е Промес кој јас го познавам. Јас не го познавам тој Квинси против кого има судски процес и тој ќе остане мој пријател.

– Луѓето треба да сфатат дека јас доаѓам од тешко опкружување, мојот брат беше десет години во затвор и никогаш не сум добил прашање за тоа. Алвеш и Менди исто така беа вклучени во судски процеси, но тоа не значи дека веќе нема да ми бидат пријатели. Не велам дека поддржувам се што правеле, но нема да се откажам од нив и да ги оставам на цедило, – изјавил Депај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни