Поврзете се со нас

Франција

Депај по шоуто за победа на Лион: Не знам дали ќе останам, овде сум…

Објавено

на

Лион со убедлива победа ја отвори сезоната во францускиот шампионат, а за тоа најзаслужен е Мемфис Депај.

Во триумфот над Дижон од 4-1, холандскиот репрезентативец реализираше хет-трик, а по неговото нафрлање, центаршут гостите си постигнаа автогол што значи дека беше директен учесник во сите погодоци на домаќините.

Меѓутоа по средбата Депај беше отворен и истакна дека не знае дали ќе продолжи да го носи дресот на Лион, односно дека сите опции се отворени.

-Не ја гледам иднината, не знам дали овде ќе ја завршам сезоната. Тука сум веќе четири години, станав капитен. Морате да ја гледате вашата кариера, нема ЛШ. Во овој момент не знам, -истакна Депај кој се поврзува со трансфер во Барселона како замена за Луис Суарез.

-Навистина сум среќен што постигнав три гола. Ова не беше мојот најдобар натпревар, ама ја започнуваме сезоната со три бода и тоа е најважно. Покажавме дека можеме да се бориме против големите тимови, но мора да останеме фокусирани и да победиме против таканаречените„помали“ тимови. Имаме многу добри играчи. Треба да дадеме сè од себе за да се стремиме кон врвот, -дополни Мемфис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни