Поврзете се со нас

Шпанија

Депај објасни зошто потпиша краток договор со Барселона

Објавено

на

Холандскиот репрезентативец Мемфис Депај пред неколку денови и официјално ги разреши дилемите околу тоа каде ќе настапува во наредната сезона.

На него му завршуваше договор со Лион и како слободен агент можеше да бира каде ќе ја продолжи кариерата за да на крајот се одлучи за Барселона каде ќе може да соработува со тренерот Роналд Куман, но и соиграчот од националниот тим, Френки Де Јонг.

Интересно вест околу потписот на Депај беше тоа што договорот меѓу него и клубот е на само две години што изненади многумина со оглед на должината на истиот. Околу оваа се огласи офанзивецот и објасни дека двете страни се согласиле и биле среќни поради ваквото решение.

-Тоа го направивме со моите застапници и Барселона, двете страни беа среќни со тоа, -рече Мемфис и додаде:

-Секако дека е сон да се игра за ваков голем клуб. Мојата кариера има некои подеми и падови, имав добри и помалку добри моменти. Се обидов да возвратам и тоа што се исплатеше ми покажува дека треба да продолжиш да се бориш и да верувааш во себе. Горд сум на тоа и тоа е нешто на што ќе се фокусирам по мојот одмор, -порача напаѓачот кој одлично игра за „лалињата“ на ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни