Поврзете се со нас

Франција

Депај: Кој не би сакал да игра за Барселона?

Објавено

на

Мемфис Депај со трансферот во Лион во 2017 година ја врати својата кариера на вистинскиот пат по лошата епизода во Манчестер Јунајтед, па со тие негови партии, изданија му се отвори патот за нов можен кам-бек на најврвната сцена и тоа во редовите на Барселона.

Каталонците прикажаа интерес за него во летниот преоден рок, ама поради финансиската ситуација во таборот на шпанскиот вицешампион овој трансфер не се реализираше. Меѓутоа според медиумите интерес се уште има и Депај може да се пресели на „Камп Ноу“ во 2021 година.

Сепак членот на Лион сака да живее во сегашноста иако признава дека би немал ништо против да заигра под водство на Роналд Куман во Каталонија.

-Не знам ништо за Барселона. Трансфер пазарот не е отворен, не размислувам за тоа. Се обидувам да го дадам најдоброто, да играм добро се со цел да станам подобар играч. Има многу шпекулации. Кој не би сакал да игра во Барселона? Тие се еден од најдобрите клубови на светот. Секој сака таму да игра, ама не размислува за тоа, -рече Мемфис по пријателскиот меч на Холандија со Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни