Депај „испука“ хет-трик, Лион обезбеди пласман во ЛШ (Видео)

depaj

Екипите на Монако и Лион му се приклучија на Пари Сен Жермен и наредната сезона ќе ја претставуваат Франција во Лигата на шампионите.

Вечерва Монако со сигурна победа од 3-0 над Троа го потврди пласманот во елитнотото друштво и второто место во лигата. Радост за клубот од малото кнежество донесоа Рони Лопез (2) и Мбула.

Голема борба пак се водеше за третата позиција меѓу Лион и Марсеј. Лион долго време се мачеше со Ница, поточно имаше негатива од 1-0 по првото полувреме што му одговораше на Олимпик кој во тие моменти водеше со 2-1 против Амиен.

Меѓутоа на сцена стапи Депај и со хет-трик од 48 до 87 минута донесе позитива за Лион од 3-1 која до крајот Плеа само ја намали на 3-2. Сепак овој резултат беше доволен Депај, Траоре, Фекир и останатите да дојдат до ЛШ или поточно да го дотепаат Марсеј кој во средата го загуби и финалето на ЛЕ од Атлетико, а денеска залуден беше триумфот од 2-1 што значи и наредната кампања четата на Гарсија ќе игра во Лига Европа.


Facebook Коментари