Поврзете се со нас

Франција

Депај даде гол, па му испрати порака на Ван Дајк (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Составот на Лион оствари убедлива победа над Монако од 4-1 во последниот натпревар од денешната програма во првата лига на Франција.

Домаќините одиграа пеколно прво полувреме во кое четири пати ја сместија топката во мрежата на гостите, а еден од головите беше дело на Мемфис Депај. Тој во 12 минута го отвори резултатот, па испрати порака до неговиот сонародник Вирџил Ван Дајк кој заработи потешка повреда и го очекува долга пауза од терените.

-Вирџил, остани силен мој брате, -стоеше во порака на Мемфис.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни