НБА
Денвер влезе во криза, неверојатниот Јокиќ не спречи испаѓање од НБА купот (Видео)

НБА купот е новоформирано натпреварување кое беше промовирано на стартот на сезоната, а веќе во почетната фаза го добивме и најголемото изненадување.
Денвер е во резултатска криза и шампионот не изгледа навистина добро во овој момент, нешто што беше потврдено со поразот од Хјустон и елиминацијта во НБА Купот.
Ова натперварување се игра напоредно со регуларниот дел од сезоната и треба да понуди дополнителни искри во пресметките меѓу екипите, но во овој период тоа не ги разбуди шампионите кои претрпеа пораз од Хјустон со резутлат 105:86.
Тимот на Мајкл Мелоун има скор од 2:2 во групата Запад 2 во НБА купот, па така уште отсега е познато дека нема шанси за пласман во четвртфиналето.
За Денвер ова беше петти пораз на последните седум меча во Америка, а залудна беше и неверојатната партија на Јокиќ кој мечот го заврши со 38 поени, 19 скокови и 8 асистенции.
НБА резултати:
Орландо – Бостон 113:96
Мемфис – Феникс 89:110
Њујорк – Мајами 100:98
Торонто – Чикаго 121:108
Хјустон – Денвер 105:86
Индијана – Детроит 136:113
Милвоки – Вашингтон 131:128
Минесота – Сакраменто 111:124
Голден Стејт – Сан Антонио 118:112
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 106:116
-
НБА21 час
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија11 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија19 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија19 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА22 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Шкендија во возбудлив меч загуби од Динамо Киев (ВИДЕО)
-
Македонија24 часа
Работнички и Брера се засилија со дефанзивци од Воска Спорт