НБА
Денвер со пресврт до славје во Далас, Индијана ја прекина победничката серија на најдобриот тим во лигата (ВИДЕО)

Составот на Денвер Нагетс излезе како победник од соочувањето со Далас Маверикс во Тексас, дуел во кој домаќините одново не можеа да сметаат на двете најголеми ѕвезди Кајри Ирвинг и Лука Дончиќ.
И без улугите на двата ол-стар играчи Далас играше добро и по три четвртини водеше со десет разлика, но во последниот период доживеа вистински потоп, даде само 12 поени и воедно прими 33 за конечни на крајот 112:101 за составот од Колорадо.
Ова за Нагетс беше трето славје во низа, најефикасен беше Вестбрук со 21 поен, додека на Јокиќ му фалеше една асистенција за да дојде до нов трипл-дабл (19 поени, 18 скокови, 9 асистенции). Томпсон за поразените уфрли 6 тројки и заврши со вкупно 25 поени.
Најдобрата екипа во досегашниот тек на НБА лигата, Кливленд Кавалирс беше изненадена на свој терен од Индијана Пејсерс.
Кавси го претрпеа само вториот пораз на свој терен, петти сезонава со резултат 108:93. Пејсерси одиграа одлично второ полувреме во кое постигнаа 68 поени, ритам кој домаќините не можеа да го испратат.Шестмина кошаркари кај победникот беа двоцифрени, Гарланд и Мичел за домаќините искомбинираа 39 кошеви.
РЕЗУЛТАТИ:
Њујорк никс – Милвоки бакс 140:106
Далас маверикс – Денвер нагетс 101:112
Чикаго булс – Сакраменто кингс 119:124
Бостон селтикс – Њу Орлеанс пеликанс 120:119
Кливленд кавалирс – Индијана пејсерс 93:108
Орландо меџик – Филаделфија севентисиксерс 104:99
Вашингтон визардс – Оклахома сити тандер 95:136
Јута џез – Бруклин нетс 112:111(прод.)
Феник санс – Шарлот хорнетс 120:113
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет24 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!