Поврзете се со нас

НБА

Денвер победи без тандемот Јокиќ-Мареј, Портланд испиша историја со стартната петорка

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nuggets

Денвер мораше да го одигра дуелот со Портланд без водечкиот тандем Јокиќ-Мареј, но успеа да го победи Портланд кој е меѓу тимовите со најлош скор сезонава во НБА лигата.

Во отсуство на првите ѕвезди, одговорноста ја презедоа Реџи Џексон и Арон Гордон, па овој тандем со 23 и 22 поени успеа да му донесе нов триумф на шампионот и тоа на гостински терен.

Најефикасен кај Портланд бил Диоп Рит со 24 поени.

Натпреварот ќе биде запаметен и како само втор во последните 50 години, на кој една екипа започнала со пет дебитанти во стартната петорка. Последните пет децении тоа го направи само Голден Стејт во 2012 година, кога дебитантската петорка ја предводеше Клеј Томпсон.

Лидерот Бостон ја продолжи победничката серија и против Чикаго, дури и во ситуација кога Браун и Порзингис не можеа да им помогнат на своите соиграчи. Тејтум со 26 и Хаузер со 23 поени биле најефикасни кај победникот, додека ДеРозан реализирал 28 поени за Булс.

Орландо – Сакраменто 107:109
Атланта – Шарлот 132:91
Чикаго – Бостон 113:124
Хјустон – Јута 147:119
Сан Антонио – Финикс 106:131
Вашингтон – Торонто 112:109
Портланд – Денвер 111:114

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни