Поврзете се со нас

НБА

Денвер не се предава, на крилата на Мареј, Грант и Јокиќ славеа во третиот натпревар против Лејкерс

Објавено

на

Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа во третиот финален натпревар на Западот против Лос Анџелес Лејкерс со 114:106.

Со оваа победа тимот предводен од Мајк Мелоун не дозволи недостижна предност за Лејкерс од 3:0 во серијата и го намали резултатот на неизвесни 2:1.

Првата четвртина беше изедначена, а потоа Денвер ја презеде иницијативата и во поголем дел од натпреварот имаше предност.

На десет минути пред крајот на средбата Нагетси имаа и недостижни плус 20 негатива со која Лејкерс за прв пат се соочува во плеј-оф серијата во НБА Лигата.

Џамал Мареј со 28 поени и 12 асистенции, Џереми Грант со 26 поени и Никола Јокиќ со 22 поени и десет скокови беа предводници на Денвер во сигурната победа против „езерџиите“.

На спротивната страна најефикасен беше Леброн Џејмс кој запиша трипл-дабл учинок со 30 поени, 11 асистенции и десет скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни