Поврзете се со нас

НБА

Денвер креираше историја во НБА Лигата, Јокиќ со феноменална партија го одведе тимот во конференциското финале

Објавено

на

blank

Никој не очекуваше дека Денвер Нагетс ќе биде тимот кој ќе се пласира во финалето на Западната конференција во НБА лигата по одличниот старт на серијата на Лос Анџелес Клиперс кој имаше водство од 3:1 и беше на само една победа до пласман во финалето.

Сепак, кошаркарите на Денвер доцна синоќа го победија противникот со 104:89 и со тоа се пласираа во конференциското финале на Западот.

Тимот предводен од Мајк Мелоун направи голем пресврт во серијата која на крај ја доби со 4:3. Денвер и во претходното коло имаше негатива од 3:1 во серијата против Јута Џез, но истата успеа да ја анулира и да се пласира во следната фаза.

Денвер е првиот тим во историјата на НБА Лигата на кого му успеало во два наврати да се спаси од бездната и да слави голема победа во серијата.

Никола Јокиќ беше одличен на теренот со трипл-дабл учинок од 16 поени, 22 скокови и 13 асистенции, а маестрален натпревар одигра и Џамал Мареј кој застана на 40 поени.

Во противничкиот табор Херел забележа 20 поени, додека Кави Ленард натрпеварот го заврши со 14 уфрлени поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни