Поврзете се со нас

НБА

Денвер и Далас претрпеа порази без Јокиќ и Дончиќ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Денвер и Далас имаа тешки задачи рано утрово во НБА лигата, од една страна поради тоа што играа против најразиграните тимови на Западот, но и пораади фактот што во тимовите ги немаа најголемите ѕвезди.

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ добија поштеда поради ситни повреди, а без нив во ротацијата, Нагетси и Маверикси немаа одговор за Оклахома и Минесота, најдоброрангираните тимови на табелата.

Денвер покажа дека може да се носи и без својата голема ѕвезда и тесно загуби од Оклахома со 105:100, додека Минесота прелесно се справи со Далас во чии редови не играше Дончиќ.

Тимбервулвс ја забележа 34-та победа со резултат 121:87 и на тој начин остана на првото место на Западот, со една победа повеќе од Оклахома која исто така игра импресивна кошарка.

НБА резултати:

Шарлот – Чикаго 110:107
Кливленд – Детроит 128:121
Вашингтон – ЛА Клиперс 109:125
Мајами – Сакраменто 115:106
Хјустон – Њу Орлеанс 99:110
Минесота – Далас 121:87
Оклахома – Денвер 105:100
Сан Антонио – Орландо 98:108
Бруклин – Феникс 120:136
Портланд – Милвоки 119:116

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни