Поврзете се со нас

НБА

Денвер доживеа нов пораз, Дејвис со клучен потег за победа на Далас (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/dallasmavs

Денвер играше без првата петорка на дуелот со Сан Антонио и забележа втор пораз во серија, привремено губејќи го третото место на табелата во западната конференција.

По напорната ноќ со две продолженија на дуелот со Минесота, тренерот Мајк Мелоун реши да ги одмори првите ѕвезди предводени од Никола Јокиќ, а нивните замени на крајот не успеаја да дојдат до триумфот на домашен терен.

Вестбрук постигна 30 поени, но уште еднаш промаши важно положување за израмнување на резултатот на повеќе од 4 минути до крајот, а се истакнал Пикет со прв трипл-дабл во дресот на Нагетс.

Ентони Дејвис го имаше најдобриот ефект со 34 поени и 15 скокови во дресот на Далас, дури и покрај фактот што пропушти добар дел од мечот поради повреда на окото.

Новиот центар на Маверикс ги уфрли и клучните поени на 3,4 секунди до крајот, со чија помош Далас ја победи Атланта на домашен терен.

Кливленд го доби дербито на Истокот со Њујорк, додека Мајами успеа да слави на тешкото гостување кај шампионот Бостон.

Кливленд – Њујорк 124:105
Индијана – Шарлот 119:105
Вашингтон – Сакраменто 116:111
Бостон – Мајами 103:124
Хјустон – Јута 143:105
Далас – Атланта 120:118
Денвер – Сан Антонио 106:113
Оклахома – Детроит 119:103
Л.А Клиперс – Њу Орлеанс 114:98

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни