Поврзете се со нас

НБА

Денвер без најдобрите го сруши Голден Стејт, Дончиќ и Ривс донесоа нова победа за Лејкерс (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/MarcaBasket

Тимот на Денвер Нагетс и без тројца стартери успеа да слави над Голден Стејт Вориорс со 114:105 на мечот кој рано утрово се одигра во Сан Франциско.

Со оглед на формата на „домаќините“, а и фактот дека за Нагетс не играа најдобрите играчи Јокиќ и Мари (плус Браун), „воините“ важеа за големи фаворити на ова соочување, но уште еднаш се покажа дека во НБА никого не смее да се потцени во ниту една ситуација затоа што секогаш има некој кој може да испорача екстра партија.

Во случајов тоа беше Гордон кој уфрли дури 38 поени и собра 6 скока, додека Вестбрук имаше трипл-дабл од 12 поени, 12 скока и 16 асистенции. Кај Вориорс кои за првпат загубија меч од 2 март, Батлер и Кари реализираа по 23 и 20 кошеви.

Лос Анџелес Лејкерс пак дојде до нов триумф, овојпат над Сан Антонио Спарс од 125:109. Шестмина играчи беа двоцифрени, најдобар беше Ривс со 30 кошеви, Дончиќ пак остана кус за еден скок за да забележи трипл-дабл учинок (21 поени, 9 скока, 14 асистенции).

На другата страна Касл уфрли 23 поени.

РЕЗУЛТАТИ:

Њујорк – Мајами 116:95
Хјустон – Филаделфија 144:137 (по прод.)
Минесота – Индијана 130:132 (по прод.)
Њу Орлеанс – Детроит 81:127
Јута – Чикаго 97:111
Голден Стејт – Денвер 105:114
Финикс – Торонто 129:89
Портланд – Вашингтон 112:97
Сакраменто – Мемфис 132:122
Лејкерси – Сан Антонио 125:109

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни