Македонија
Денковски се посрамоти, Ренова го освои Штип

Фудбалерите на Ренова славеа над Брегалница со 2-1 во првата средба од пролетниот дел од Првата македонска лига.
Ова за клубот од Тетово е огромен триумф затоа што со истиот го минаа денешниот противник на табелата и сега се на четвртата позиција. Средбата во Штип ја одбележа катастрофалната грешка на младинскиот репрезентативец голманот Денковски кој прими комичен погодок во 16 минута, гол кој донесе водство на популарните „гипсари“.
Овој гол им даде дополнителни крилја на гостите кои во 52 минута преку Серафмовски зголемија и на 2-0 со што дојдоа на чекор до три бода. Избраниците на Илчо Ѓорѓиоски се вратија во игра во 59 минута благодарение на Дамњановиќ, па до самиот крај беше неизвесно, имаше шанси од кои последната ја пропушти Алтипармаковски за да донесе бод за Брегалница.
Останаите средби од 19. коло се играат утре од 14 часот.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 10 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 18 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 19 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 10 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Демирал ќе искористи дресови на поранешни соиграчи за собирање помош за Турција